ТОШЕ,

Ни беше огромна чест што од самиот почеток ни ја укажа довербата да дадеме скромен придонес во презентирањето на твојата кариера во светот. Ни беше задоволство низ годините да соработуваме со тебе, а тоа го правевме со многу љубов и взаемно почитување.

Денес, 16.10.2007 год, кобен за тебе и за твојата младост, со огромна тага во нашите срца, те испраќаме од овој свет. Не хранеше и не напојуваше со твојата музика, со твојот глас, со твојата доблест, со твојата позитивна енергија. Мали се зборовите со кои можеме да ја опишеме твојата големина, само едно е сигурно, ти Тоше, засекогаш ќе останеш во нашите срца.

Сочувствуваме со болката и тагата на твоите најблиски.

Вечна ти слава и почивај во мир.

УНЕТ

English