Место на злосторот

 

Ти кажав се до збор од А до Ш

и не ми е дури ниту малку гајле

си кажавме и цел куп глупости

се каравме цела вечер до сабајле

 

Ќе можеш ли без гнев да разбереш

ќе сватиш ли ти си лето јас сум зима

и ноќите од жал овенале

за љубовта тука нема здрава клима

 

А решен бев јас само за тебе да гинам

и илјада и една милја пеш да минам

ќе направев да имаш се што посакаш

 

Дај разбуди се го нема сонот на вљубените

и оди си ти чувам место во спомените

но некогаш тргни низ времето и просторот

и дојди на место на злосторот

 

Ти кажав се до збор од А до Ш

и не ми е дури ниту малку гајле

си кажавме и цел куп глупости

се каравме цела вечер до сабајле

 

Ти кажав се и крај не мачи ме

и дека сум сега веќе без дилеми

не моли ме и дај откачи се

и оди си, само оди без проблеми

 

А решен бев јас само за тебе да гинам

и илјада и една милја пеш да минам

ќе направев да имаш се што посакаш

 

Дај разбуди се го нема сонот на вљубените

и оди си ти чувам место во спомените

но некогаш тргни низ времето и просторот

и дојди на место на злосторот (x3)