Ѕвездо севернице
 
Ѕвездо севернице ноќва на небо што сјаеш
Дали љубовни немири можеш ти да познаеш
Ѕвездо севернице, дај ми крила да се вивнам
и во твоите небески царства јас да пристигнам.
 
Од таму да видам дал крај пенџере
мила коси чешла ветерот дури лик и милува.
 
Крила дај ѕвездо јас да летнам
на нејно пенџере да слетам
и во ноќта нежно да ја допрам
мојта љубена.
/*2
   
Ѕвездо помогни ми, дај ми крила да се вивнам
и во твоите небесни царства јас да пристигнам
от таму да видам дал мојта љубена
крај пенџер косите ги расплела
дур ветер лик и милува.
   
Крила дај ѕвездо јас да летнам
на нејно пенџере да слетам
и во ноќта нежно да ја допрам
мојта љубена.
/*2
 
 
Музика: Симон Трпчески
Текст: Јован Трпчески
Аранжман С.Шестан - Дрога